Пожарот кај велешка Отовица е локализиран по интервенција на два авиона „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и полициски хеликоптер, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Два авиона „Ер трактор“ за Дирекцијата за заштита и спасување и еден полициски хеликоптер интервенираат во гаснење на големиот шумски пожар над село Отовица што изби попладнево.
На пожарот кај Отовица, што изби попладнето околу 14 часот, се уште делува полицискиот хеликоптер, а авионите на ДЗС се вклучени во гаснење на големиот пожар во скопско помеѓу селата Бучинци, Миладиновци и Групчино, што исто така избувна денеска.
Во гаснење на пожарот над Отовица со кој е зафатена поголема површина на борова шума на непристапен терен се вклучени и 20-тина пожарникари со противпжарни возила, вработени од ЈКП„Дервен“ и месното население од селото. На истата локација над Отовица имаше пожар и завчера.