Љутков: „Стоби“ и „Универзална“ ќе добијат плата кога ќе достават пресметки според договореното

Од:

Од 124 институции само во две управните одбори ги уважиле жалбите на мал дел од вработените, едната е НУ Археолошки локалитет „Стоби“ која е под Министерството за култура и туризам, а другата е Универзална сала, каде само ги исплаќаме платите, а директор и управни одбори назначува Град Скопје. Тие доставија нови пресметки на плати, им вративме дека ќе мора да ги направат пресметките така како што сме се договориле, според Законот за култура, според Колективен договор, според Општиот договор. Се надевам дека во наредниот период ќе ги исправат пресметките и ќе ја добијат платата во најбрз можен рок. Претпоставувам дека тие беа првите и последните институции кои доставија ваква пресметка на плата и во иднина нема да постои ваков проблем, рече денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Одговораќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за сработеното во изминатата година, Љутков информира дека Инспекторатот за македонски јазик е формиран, назначен е и директор, а во тек е систематизацијата која треба конкретно да дефинира какви работни места се потребни.

-Кога ќе заврши таа фаза, ќе почнеме со вработување и во Инспекторатот, но и на лектори во сите институции согласно Законот за македонски јазик, потенцира министерот.

Во врска со чистењето на Калето, нагласи деека очекува целиот процес да биде заокружен до крајот на годината.

-Ја направиме динамиката за да нема повторно застој. Она што видовме што се случува беше мал процент, потоа викнавме стручни екипи кои увидоа многу поголеми проблеми создадени од активното неодржување на Калето и во двата музеја. Од таа причина се создаде поголем вакуум простор за реализација, но фазата е при крај, почнуваме со чистење, а по ребалансот ќе продолжиме непречено да работиме и се надевам дека до крајот на годината ќе биде готово. истакна Љутков.

Би можело да ве интересира

Љутков: Културното наследство не е минато што го чуваме по инерција, туку иднина што ја градиме со свест

А1он

СДСМ не му се извинува на Љутков, велат ја објавиле вистината

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Илиевска – Силјановска: Зошто на Љутков му се дозволува вакво аздисување и злоупотреба на парите на граѓаните?

ДУИ со забелешка на унапредувањата во Министерството за култура

Љутков: Културната дипломатија не е монолог, туку разговор меѓу идентитети

А1он

СДСМ: Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита