Лажни полицајци ограбиле двајца државјани на Турција

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Л.(30) и Е.С.(35), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“, а второпријавениот и за кривично дело „соизвршителство“.

На 1.2.2024, пријавените пресретнале две лица државјани на Република Турција, им се претставиле дека се полициски службеници, по што М.Л. извршил претрес над нив и од едното лице одзел пари, мобилен телефон и патна исправа.

Би можело да ве интересира

Две жени од Украина ограбени во Скопје