Лабудовиќ: Сите опозициски гласови се за промена – промената во Центар е неизбежна!

Од:

„Ви благодарам за огромната поддршка што ми ја дадовте во првиот круг на изборите за градоначалник на нашата општина. Центарци јасно ја покажаа насоката во која сакаат да се движи општината. Потврдено е опозициското расположение против локалната власт предводена од СДСМ. Одиме понатаму – од утре продолжуваме со нашата приказна за подобар Центар!“ изјави кандидатот за градоначалник на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ.

Вели дека „Резултатите од првиот круг покажаа дека сите опозициски гласови се гласови против Герасимовски и неговото неработење. Сите кои сакаат промени, ред, развој и чесно управување, обединети се на истата страна – страната на народот, страната на Центар“.

„Од срце им се заблагодарувам на сите граѓани кои гласаа за промена, на членовите, поддржувачите и симпатизерите на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, како и на раководството, членовите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ за искрената и отворена поддршка во оваа заедничка борба. Ова не е борба на партии, ова е борба на граѓаните против корупцијата, бетонизацијата и ароганцијата на власта во Центар! Во вториот круг се почнува од 0:0. Сега е моментот кога уште повеќе треба да сме сите обединети и решителни. Да покажеме дека Центар заслужува вистинска локална власт која ќе биде на страната на граѓаните, а не на интересите на неколкумина“ вели Лабудовиќ.

Според него, „Граѓаните на Центар веќе се изјаснија дека е доста од популизам, доста е од неказнивост и од празни ветувања. Сега е време за вистинска работа, време за ред, чисти улици и чесна општина! За 14 дена – заедно ќе славиме голема победа! Победа за секој граѓанин кој сака нормален, убав и достоинствен Центар. Центар повторно ќе биде најубавата, најчистата и најуредената општина во Скопје“.

Би можело да ве интересира

Како што се договоривме така и постапивме како владина коалиција на овие избори, објаснуваат од ВРЕДИ

Минчев: Граѓаните го препознаа нашиот концепт на чесна, директна и народна политика

А1он

Димитриевски: Излезете масовно на гласање – Куманово заслужува континуитет, а не импровизација

А1он

Лабудовиќ: Заедно можеме да го вратиме лицето на Центар, такво какво што заслужува

ЗНАМ: Расте поддршката за Мирослав Лабудовиќ

Лабудовиќ: Центар се подготвува да добие нов симбол што ќе ја претставува неговата енергија, култура и иднина – Плоштад Феникс