[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Кумановските занаетчии да се ослободат од плаќање на комунална такса, е одлуката на денешната седница на Советот на Општина Куманово.
Раководителот на секторот за администрирање на приходи, Зоран Павловски рече дека оваа одлука се однесува да занаетите кои што се во изумирање или пак се дефицитарни.
-Ослободени од плаќање на комунална такса за 2013 година ќе бидат ковачи, грнчари, лимари, казанџии, копчари, крзнари, шапкари, изработувачи на сувенири и оние што прават ракотворби, јорганчии, опинчари, оџачари, јажари, бочвари, корпари, бојаџии. Соработуваме со Занаетчиската комора, која има околу 550 регистрирани занаетчии, како трговци поединци и самостојни вршители на дејности – рече Павловски.
Таксата досега се плаќаше 2000 денари.