Кривогаштани испрати помош за настраданите во Скопје

Од:

Општина Кривогаштани денеска испрати возило со цистерна и две пумпи за црпење на вода, како и тројца луѓе од ТППЕ Кривогаштани и од Јавното претпријатие „Пелагонија“, како помош за настраданите населени места од поплавите во Скопје.

„Доколку има потреба општината и ЈКП „Пелагонија“ се подготвени да испратат дополнителни ресурси како во опрема така и во луѓе, согласно можностите и потребите. Исто така утре од 9 часот пред ТППЕ Кривогаштани ќе биде отворен пункт за донација, каде сите граѓани ќе можат да донираат за настраданите од скопско. Ги повикувам сите жители на општината да донираат според своите можности, и уште еднаш, како многу пати досега, да ја покажеме нашата хуманост“, изјави Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за поранешниот гардоначалник на Кривогаштани

Ана Ололовска

Заменикот министер за локална самоуправа Павлески во посета на општина Кривогаштани

Ана Ололовска

ВИДЕО: Протест на вработените во ЈП „Пелагонија“ од Кривогаштани

Ана Ололовска

(ВИДЕО) СДСМ Кривогаштани: Зошто Кризниот штаб на општината, формиран за време на последните поплави не функционира?

Ана Ололовска

Министерот Јанакиески во посета на општина Кривогаштани

Ана Ололовска