Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Од:

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешниот минстер за вантершни работи, а сега актуелен пратеник на СДСМ /Оливер Спасовски, поради основано сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластувањето“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според пријавата, Спасовски, додека во 2021 година ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи, ја искористил службената положба и овозможил на правен субјект – станица за технички преглед во општина Сарај – да се стекне со противправна имотна корист во износ од 5.565.927 денари.

Тој наводно го сторил делото така што не донел решение за одземање на овластувањето за вршење технички преглед, иако надлежната организациска единица за граѓански работи доставила предлог за тоа. Иако бил должен да постапи најдоцна во рок од 15 дена од приемот на предметот, О.С. не ја извршил службената обврска, спротивно на член 65 став 3 од Законот за возила и член 5 од Правилникот за начин и постапка за издавање и одземање овластување за технички преглед на возила.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?