Одборот за доделување награди и признанија на општина Крива Паланка го распиша конкурсот за доделување на наградата „8 Октомври“ за 2013 година.
Наградата е востановена во чест на денот на ослободувањето на Крива Паланка – 8 Октомври, а се доделува на физички и правни лица од општината и државата во знак на општествено признание за особени достигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитанието и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото значајни за развојот и афирмацијата на општината во Република Македонија и светот. Покрај тоа, наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни резултати во наставните и воннаставните активности.
Предлозите за номинираните кандидати ќе бидат валоризирани според остварувањата во период од една година до објавувањето на конкурсот или за подолг период на работно или творечко ангажирање.
Конкурсот трае до 2 октомври, а наградата ќе биде доделена на свечената седницана Советот на општина Крива Паланка , која ќе се одржи на празникот на градот „8 Октомври“.