А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Крива Паланка го одбележува Денот на ослободувањето

by А1он08/10/2014 - 09:45159
Share0

Со доделување на Осмооктомвриска награда и признанија, пуштање во употреба на повеќе локални патни правци и други свечености, денеска, во Крива Паланка, ќе биде одбележан Денот на ослободувањето „8-ми Октомври“.

Добивај вести на вибер

По повод 70-годишниот јубилеј, во чест на извојуваната победа од страна на борците од НОБ, ќе се одржи свечена седница на која градоначалникот Арсенчо Алексовски ќе се осврне на историскиот развој на Крива Паланка и придобивките во изградбата и модернизацијата на општината во изминатиот период. На седницата ќе бидат доделени и највисокото општинско признание-Осмооктомвриската награда, како и повеќе осмооктомвриски признанија за особен придонес и постигнувања во повеќе области, кои се од големо значење за афирмацијата и развојот на Крива Паланка.

Пред споменикот на паднатите борци од НОБ, делегации на локалната самопуправа, државни и локални институции ќе положат цвеќе и ќе им оддадат почит на кривопаланечките жртви во борбата против фашистичките окупатори.

Свеченостите продолжуваат со пуштање во употреба на три локални патни правци: село Конопница-село Мождивњак, Крива Паланка-село Мартиница преку населбата Скрљава и локалниот пат во село Конопница кај местото викано Крст.

Во вечерните часови, пак, на новиот плоштад „Карпошово востание“ Гардиската единица на АРМ ќе изведе методско-показна вежба, а во НУ Центар за култура ќе се одржи концерт на Воениот оркестар при АРМ.

palanka

Би можело да ве интересира

Кампања „Со почит“ во Крива Паланка

Емир Латифовиќ26/10/2016 - 17:37

Одбележан денот на ослободувањето на Крива Паланка

Емир Латифовиќ06/10/2016 - 16:39

Се гради пешачка патека во кејот на Крива Река

Емир Латифовиќ21/09/2016 - 15:54

Во Крива Паланка се одржа првата фестивалска вечер на „Гоце Фест 2016“

Емир Латифовиќ06/02/2016 - 13:14

Потпишан договор за фекална канализација во три населени места во Крива Паланка

Емир Латифовиќ01/12/2015 - 15:34

Нова наставна насока во гимназијата „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка

Емир Латифовиќ05/05/2015 - 16:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен