А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Крива Паланка донесе одлука за основање музички фестивал „Џој Фест“

by А1он02/10/2014 - 16:07172
Share0

Советот на општина Крива Паланка на последната седница донесе одлука за основање културно-забавна манифестација музички фестивал „Џој фест“.

Добивај вести на вибер

Со оваа одлука музичкиот фестивал „Џој фест“ кој првпат се одржа во август 2012 година се основа како културно-забавна манифестација со традиционален карактер.

Целта на оваа манифестација е развој и популаризација на алтернативната музичка култура, доближување на вистинските музички вредности до граѓаните на општината и афирмација и популаризација на општина Крива Паланка. Ќе се реализира од страна на уметнички директор во содејство со градоначалникот и стручните служби на општината.

Според Правилникот за реализирање на организацискиот и програмскиот дел ќе се оствари соработка со поединци и институци од областа на културата и уметноста од Република Македонија и странство, музички фестивали и манифестации од областа на алтернативната, рок и поп музика, здруженија и асоцијации од областа на музиката и творештвото, како и со државните органи и институции на Македонија. Право на учество ќе имаат поединци и бендови кои продуцираат и популаризираат алтернативна музика и култура од музичките правци поп, поп-рок, алтернатива сканк, панк, гранч, метал, хеви-метал, ска и други.

Финансиските средства за реализација на традиционалната културно-забавна манифестација „Џој фест“ во Крива Паланка ќе се обезбедуваат од буџетот на општината, Министерството за култура на Република Македонија, спонзорства и други извори. Фестивалот ќе се одржува секоја година во втората половина на август, а во зависност од финансиските средства ќе се одлучи дали истиот ќе трае еден, два или повеќе денови.

palanka

Би можело да ве интересира

Кампања „Со почит“ во Крива Паланка

Емир Латифовиќ26/10/2016 - 17:37

Одбележан денот на ослободувањето на Крива Паланка

Емир Латифовиќ06/10/2016 - 16:39

Се гради пешачка патека во кејот на Крива Река

Емир Латифовиќ21/09/2016 - 15:54

Во Крива Паланка се одржа првата фестивалска вечер на „Гоце Фест 2016“

Емир Латифовиќ06/02/2016 - 13:14

Потпишан договор за фекална канализација во три населени места во Крива Паланка

Емир Латифовиќ01/12/2015 - 15:34

Нова наставна насока во гимназијата „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка

Емир Латифовиќ05/05/2015 - 16:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен