Ковачевски: Нема промени, ДПМНЕ како што ги фалсификуваа анкетите така се обидоа да фалсификуваат и потписи

Од:

Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата партија на лаги и невистини, како што фалсификуваа анкети така се обидоа да фалсификуваат и потписи за нивната кандидатка, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешниот 28 Конгрес на партијата.

-Излегоа пред граѓаните и рекоа имале потписи за нивната кандидатка. Прес конференција фрчеа од белата палата за колку часа ги собрале. И на крај самите се фатија во сопствените лаги. ДПМНЕ нема собрани валидни потписи за Силјановска и кандидатурата ја поднесе со 40 тина потписи од пратеници. Како што ги лажираа, како што ги фалсификуваа анкетите така се обидоа да лажираат, да фалсификуваат и потписи. Фалсификатори не можат да донесат друго освен фалсификат, рече Ковачевски.

Анализирајте ги нивните носители на листи и тоа ќе ви каже сè. Сакаат на голема врата да ги вратат поданиците на Никола Груевски. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена, дециден беше Ковачевски.

-Тоа се докажа и на последните локални избори. Ветуваа се и сешто, чуда ветуваа. Самиот Мицкоски најавуваше не знам колку еко-автобуси во Скопје. И што направија нивните градоначалници? На што личи денеска нашиот главен град? На што личат другите општини управувани од ДПМНЕ?, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Нема откажување од иднината – завршени преговори до 2028г., и членство во ЕУ до 2030г.