Коњаниците за Илинденскиот марш тренираат на кејот на Вардар

Од:

Коњаниците кои ќе учествуваат на 39-от коњички марш по повод македонскиот национален празник Илинден ги почнаа интензивните тренинзи покрај кејот на Вардар, соопшти Општина Аеродром.

На „Илинденскиот марш 2017“, кој го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, ќе учествуваат коњаници од 18 до 65 години, меѓу кои и една девојка.

Ним ќе им се придружат и коњаници од Маврово и Горна Река, Чичево, Демир Хисар, Свети Николе и пешадија од Охрид. Маршот ќе почне од Општина Аеродром и ќе заврши на 2 август во Крушево.

– Општина Аеродром традиционално го поддржува коњичкиот марш повеќе години наназад и ќе продолжи и натаму да ја негува традицијата, бидејќи Илинденскиот марш е најголемата и најзначајната културна манифестација во Аеродром, соопшти Општината.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Нашето востание не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитуваат одговорни поколенија

А1он

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со вложување во младите – никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

А1он

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он

Ахмети: Наместо партнерство, повторно се враќа логиката на доминација

А1он

Мицкоски: Денес се одбележува споменот за времето кое не се мери со години, туку со идеали, со жртви, со соништа!

А1он

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он