Комеморација и 62 балони во воздух за загинатите во пожарот во Кочани

Од:

Во знак на сеќавање и почит кон загинатите во пожарот од 16 март годинава во дискотеката Пулс“, попладнево во Центарот за култура Бели мугри“ во Кочани се одржа комеморативен настан што го организираше Општината со подршка на Црвениот крст, како дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот.

Со многу емоции, членовите на семејствата на настраданите, облечени во црни маички, два часа ја следеа актерката Наталија Теодосиевска, кочанчанка, која со збор и фотографија ги спомена сите загинати што потекнуваат од Кочани, Оризари и општината Чешиново Облешево.

Комеморацијата заврши на отворена сцена, на јужната страна од ЦК Бели мугри“ каде од рацете на деца во воздух летнаа 62 балони со имињата на прерано прекинатите 62 млади животи.

На присутните во салата на кочанската Национална установа им се обрати и Живко Гроздановски, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.

Потоа, членовите на семејствата на загинатите во пожарот во Пулс“ од 16 ти март, придружувани од граѓани, заминаа на протестен марш во чест на нивните ангели низ улиците на Кочани.

Би можело да ве интересира

Одбраната со серија забелешки за работата на Обвинителството и правната конструкција на обвинението за „Пулс“

А1он

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

ВИДЕО: Браво за обвинителите, на адвокатите треба да им е срам, порачаа родителите на загинатите во „Пулс“

Катерина Ѓуровски

Судењето за „Пулс“ почнува за седум дена, 38 обвинети, 15 обвинители, две рочишта неделно

Катерина Ѓуровски

Ова не е само судење за еден пожар – ова е судење за човечноста, совеста и одговорноста, реакција на родителите на жртвите во „Пулс“

Катерина Ѓуровски

Судењето за трагедијата во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Катерина Ѓуровски