Ќе се испитува дали има одговорност кај организаторите на приредбата во Челопек каде децата имаа амблеми на УЧК

Од:

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави дека утре Државниот просветен инспекторат ќе го посети основното училиште „7 Март“ во Челопек за да ја испита одговорноста за организирање на училишна приредба на која учениците биле облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации.

Mинистерката Јаневска истакна дека Инспекторатот ќе утврди која е одговорноста на директорот, наставниците и стручниот тим во училиштето.

– Ќе провериме дали има злоупотреба на деца, дали приредбата е дел од наставниот план и кој го одобрил. Дали има програма за мултикултурализам, зошто наместо соживот и демократија се шири омраза и се промовира милитанство? Зошто не се слават заеднички херои од историјата и војните во кои заедно учествувале двата народи? Зошто не се гради заедништво и не се негува чувството на припадност на државата Македонија која треба да биде заедничка? – посочи министерката.

Таа додаде дека доколку целта била да се шири патриотизам, тогаш требало да има симболи на државата на чија територија се наоѓа училиштето.

Реакцијата на министерката следува по случајот во Челопек, каде што на училишна приредба во ОУ „7 Март“, учениците биле облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации и парадирале со пушки во рацете.

Настанот предизвика реакции во јавноста, а министерката Јаневска изрази длабоко разочарување и најави поведување постапка против раководството и наставниците на училиштето.

Таа истакна дека ваквите активности се педагошки неисправни, нечовечни и казниви по закон.

Би можело да ве интересира

Јаневска за случајот со Дарко Василевски: МОН нема ингеренции за вработување специјалисти на Медицински факултет, ДПИ ќе постапува ако се работи за избор во звање

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска до Јаневска: Затворивте 26 училишта – дали сè уште планирате да станат старски домови?

ХЕРА до Министерството за образование: Ќе ги тргнете часовите, но не и силувањата, уцените, ХИВ и раните бремености

A1on

Јаневска: Изборниот предмет Сеопфатно сексуално образование го повлекуваме и ќе направиме длабока ревизија по барање на јавноста

Јаневска за затворањето училишта: Ова се болни реформи, но во моментов сме во критична ситуација