Ќе „пукне” накаде

Од:

Чуда со нашиве политички елити овие две децении. Уште транзицијата не е завршена,продаваат сеуште државен капитал ,а зборуваат за транзициони богаташи.

Во една недела разбравме дека најмалку 22 македонски државјани имале сметки во ХСБЦ.

Нити еден медиум од власта тоа не го пренесе. За истрагата на обвинителството и полицијата ќе потпричекаме.

СДСМ се окуражи ,долго калкулирајќи повеќе од 2 години, да поднесе кривична за некакви дилови за ТЕЛЕКОМ. Не за приватизацијата, ова се други дилови.

Македонците се народ со кратка меморија , се сеќаваме и на Александар Македонски ама сосема заборавивме кој го продаде Телекомот и дека на договорот со Штрауб е потпипшан сегашниот премиер Груевски.

Магаш ни зборуваше за шверц на нафта. Тој тип ја видел само на бензиска.

Играјќи се со волк “волк ,волк” ,волкот некако може и да се појави.

Во оваа економска криза во ЕУ ,криминалитетот во нашиот регион ќе расте со огромно темпо но на удар ќе бидат сите досегашни политички елити во регионот.

Доколку ни воведат пак визен режим во “оградениот” Западен Балкан ќе има уште еднаш тонење до бесвест со многу” пукање и пеење”.

Посебно што од банките и офшор дестинациите почнаа да излегуваат и сметки и документи.

Швајцарија е посебно во истраги и под удар на италијанско-француските ,германските, американските и британските институции кои се во потрага по парите на нивните даночни обврзници.

Бојко Борисов има цедиња добиени од германсиките колеги за сметки на Бугари ,а во Грција аферите не стивнуваат. Под опсервација се банките во Унгарија, Лихтенштајн и Грција.

Стотици имиња на грчки бизнисмени веќе се во рацете на финансиските полиции на ЕУ и Грција.

Се спомнуваат три имиња кои доста мешетареја и во Македонија. Вкупно тие лица добиле дознаки во вредност од 143 милони евра.

Британската влада најавува истраги и во Гибралтар, Малта, Луксембург додека нивните грчки колеги собираат докази по грчките банки ,а на удар е и Кипар. Со последните транши на пари од ЕУ за стабилизација на кипарските банки, владите од ЕУ побарааа Кипар да е флексибилен со нерезидентите сметки отворени во нивните банки. Колку тоа флексибилен ќе видиме, но сепак ќе мора да ги информира во Брисел за работи од “висок интерес” каде носители се на сметките лица од Европа сосе Балканот ,не само тие туку и нивните фамилии. Од Брисел излегоаа со информација дадена преку Олаф дека повеќе од дванаесет илјади сметки се сомнителни и се проверуваат.

Доколку во нашето соседство зачестат оставки на политичари се очекува дел да биде од притисокот на ЕУ и доказите кои ги имаат за овие политичари.

Се говори за афери во Словенија, Хрватска, Босна, Косово и Србија на најмалку 15 сомнителни сметки за политичари посебно Австрија, Лихтенштајн, Луксембург и Германија.

Под налетот на транзицијата многу лепливи прсти на елитите и финансирањето на партиите.

Пробемот со партиите е посебен. Да не беше транзицијата немаше начин да бидат финансирани освен трансперенто.

Ако “некаде пукне” во било која земја од Западен Балкан и бидат опфатени неколкуте најголеми партии рекомпонирањето на Западен Балкан ќе може да отпочне.

Крупните афери од транзицијата и приватизацијата сеуште се свежи заради што елитите нив ги користат за пресметка помеѓу себе и секојдневно не потсетуваат. Го потсетуваат народот без завршници во институциите.

СДСМ можеби се окуражи прв па достави кривична против Н.Н. Обвинителството нема можност да ја отфрли. Ако ја отфрли ќе се поместиме десетици скалила подолу на листата за капацитетите и борбата против корупцијата.Како второ доколку вакви кривични се отфрлаат лесно од обвинителствата ќе биде доволен знак дека е во прашање тешко организиран криминал каде ќе треба поголема анализа до каде е дојден канцерот.

Дури многу истрајно веќе опозиционите медиуми ја разглабаат оваа тема и анализираат,а позицијата и нивниот коалиционен партнер несодеветно одговараат.

Дознав дека новинари наоружани со микрофони по темата го бркале и еден од најважните лујѓе во ДУИ да даде изјава. Можеби ќе даде сувопарна изјава ама нешто му е нелагодно.

ВМРО-ДПМНЕ редовно обвинуваќи ги опозиционерите на ред е, се што има да достави до обвинителството.

Дури од соодветното обвинителство во матичната му земја,типови како Магаш можеаа лесно да ги донесат пред судските инстанци. Не само во Македонија туку и во нивните земји.

Претстои нервозен период за политичките елити во Западен Балкан. Веројатно дека случувањата во Србија и Хрватска кои полека и срамежливо отпочнааа да се тркалаат во јавноста се предвесник дека можеби транзицијата и завршила но е време да видиме кои пиел, а кој плаќал.

Даме Чкатроски

Би можело да ве интересира

Груевски да биде изолиран, а не државата

Ана Ололовска

Третманот на прашањето за изградбата на гасоводот „Јужен тек“ во македонските медиуми

Ана Ололовска

Новинарска лекција: РЕПОРТАЖА

Ана Ололовска

Може ли да се украдат 200.000 гласови и зошто?

Ана Ололовска

Костова: Никола твојата последна битка за опстанок на ФОКУС е наш императив!

Ана Ололовска

Кога новинарите не прашуваат, лагата многу лесно станува вистина

Ана Ололовска