Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Александар Кирацовски, во чест на најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, г-дин Киро Стојанов, до граѓаните од католичка вероисповед и сите други кои го празнуваат денешниот ден.
„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име, Ви го честитам големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.
Ви пожелувам добро здравје, мир, лична и колективна благосостојба.
На овој голем христијански празник, кога ја славиме победатата на раѓањето, на новиот почеток, продолжуваме да ги негуваме и почитуваме духовните вредности што не движат напред.
Мирот, толеранцијата, меѓусебното почитување, разбирање и помагање, остануваат наша водилка кон патот до едно општество на еднакви граѓани. Само на тој начин, заеднички и сплотени ќе изградиме подобра иднина за сите нас. Среќен празник“.