Казанџиска: Народот гладува, а Ставревски арогантно јаде на седница на комисија

Од:

Вжештена и тензична атмосфера во Комисијата за финансирање и буџет. Власта досега не прифати ниту еден од амандманите на опозицијата кои се однесуваат на одделување на средства за  гасификација, патишта, водовод, пречистителни станици.

Билјана Казанџиска реагира за игнорантскиот однос на министерот кон пратениците.

„Вашата дрскост, безобразие и ароганција излезе на површина. Народот гладува а Ставревски арогантно  јаде на седница.Не е достојно да дебатирам со вас“, рече Казанџиска.

„Вие се обидувате да направите инцидент.Ако планирате да се тепаме, нема да успеете, ќе треба да се тепате меѓу себе. Кога колешката ќе ја гледа снимката, два пати ќе си удри шамар“, реплицираше  Ромео Тренов.

Потемкиното село Скопје и спомениците ли треба да се бранат, ги праша Казанџиска пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од третата изборна единица кои не гласаат за аманмани кои ќе значат подобрување на животот во источниот дел на Македонија.

Претседателот на Комисијата , Марјанчо Николов  апелираше  сите пратеници да се држат до амандманите.Граѓаните, рече,  сами ќе ценат кој како ги брани неговите интереси. Дебатата е најсилен аргумент.

Би можело да ве интересира

Почнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот

Јадранско-јонска иницијатива: Усвоена заедничка изјава за важноста на парламентарната соработка во регионот

Ана Ололовска