Католиците го слават Божик

Од:

Католичките верници денеска го одбележуваат Раѓањето Христово-Божик. Традиционално во Македонија, централната прослава по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше свечена литургија.

Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, честитајќи им го празникот Божик на католичките верници на литургијата ја прочита божикната порака.

– Драги браќа и сестри, и овој Божик не собра во заедништво, и семејно и општествено, за поубаво и содржајно да ја прославиме радоста на оној настан кој се случи во Витлеем и ја раздели нашата историја на стара и нова ера. Навистина, со раѓањето на Исус Христос започна нова ера на човештвото во која Бог стана човек за човекот да биде повикан на достоинство, синови и ќерки Божји. Ова време на релативизам кога се чини дека сите вредности се наоѓаат во некаква магла, па дури и самиот наш живот е завиткан во магла, понекогаш и темнина, јасно се слуша молбата на нашите современици, молбата за спасение, наведе бискупот Стојанов.

Сè повеќе чувствуваме, посочи бискупот, дека секое ветување е без содржајно и остануваме уште повеќе во магла и настапува еден индивидуализам, затворање во себе и отуѓување од другите.

– Божик ни ја разбива темната слика на реалноста која не опкружува и ни дава јасен одговор и повик на надеж за се она што е подобро и исправно. Мирот почнува во срцето на човекот. Мирот е плод на чиста совест во однос на Бога и човекот. Нека е Слава на Бога во висините, а на земјата мир меѓу луѓето. Браќа и сестри, го честитам Божик на сите луѓе со добра волја, а пред сè на верниците на нашата Црква: бидете радосни исполнети со љубов кон Бога и кон себе и бидете носители на надежта и сведоци на вистината дека сме повикани да бидеме, браќа и сестри, миленици Божји. Нека е, Слава на Бога во висините, а меѓу нас на земјата мир, бидејќи сме миленици Негови. Христос се роди!, истакна во божикната честитка бискупот Стојанов.

Би можело да ве интересира

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе имаме напредок и прогрес во секој план

Горан Наумовски

Гаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество

Мицкоски: Божик нè повикува и да бидеме солидарни, да си помагаме еден на друг

„Влен“: Празнициве се потсетник дека нашата земја е најсилна, кога сите заедници живеат во хармонија

Божикно послание на г.г. Стефан: Да се почитуваме меѓусебно, за изградување на единство во Црквата Христова, да имаме мир со луѓето и мир меѓу народите

Предраг Петровиќ