Кампања „Со почит“ во Крива Паланка

Од:

Прифаќањето и почитувањето на различностите е најважен сегмент во едно современо општество. Ова беше порачано на промотивната кампања „Со почит“, на Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби, што денеска се одржа во Крива Паланка. 
– Вистинските пречки со кои се соочуваат лицата со попреченост не се во нивната состојба, туку се во однесувањето на луѓето, просторот и во општеството, изјави регионалниот координатор на Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби Бранкица Димитровска.
Таа истакна дека главната порака е да се разбере попреченоста и да се срушат предрасудите.
– Главна порака до нашите сограѓани, особено до младите и лицата кои се занимаваат со јавна работа е дека сите се должни да внимаваат на своето изразување при јавни настапи и излагања. Да внимаваат какви зборови ќе употребуваат и какви споредби ќе направат, со оглед на тоа што директно учествуваат во формирањето на јавната свест на едно општество во кое потполно еднакво припаѓаат и лицата со каква било попреченост и нивните семејства. Токму заради ова нивната одговороност е уште поголема. Лицата со посебни потреби имаат право на достоинствен и квалитетен живот, бидејќи тие се дел од нас, дополни Димитровска.
Таа потсети дека Ресурсниот центар во своите сервиси вклучува поддршка, помош, пристап до информации, обезбедување и остварување на правата на лицата со посебни потреби. 
Во Крива Паланка се собираа и потписи за иницијатива за измени и дополнување на Законот за лица со посебни потреби.

Би можело да ве интересира

Одбележан денот на ослободувањето на Крива Паланка

Емир Латифовиќ

Се гради пешачка патека во кејот на Крива Река

Емир Латифовиќ

Во Крива Паланка се одржа првата фестивалска вечер на „Гоце Фест 2016“

Емир Латифовиќ

Потпишан договор за фекална канализација во три населени места во Крива Паланка

Емир Латифовиќ

Нова наставна насока во гимназијата „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка

Емир Латифовиќ

ФОТО: СДСМ Крива Паланка организираше крводарителска акција

Емир Латифовиќ