Изминатиот викенд приведени се 64 возачи за безобѕирно возење

Од:

Изминатиот викенд, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1.426 издадени платни налози, 455 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 64 лица, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Од лишените од слобода за безобѕирно управување на возило, 11 биле за возење под дејство на алкохол, 27 за возење без возачка дозвола, по еден возач за возење со брзина поголема од дозволената во населено место и возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, а еден поради претходно изречена забрана за управување на возило.

– Во истиот период одземени се 22 возила по член 300-б од Кривичниот законик. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот викенд евидентирани се 187 прекршоци за неправилно паркирање, како и 61 санкција за возење под дејство на алкохол. Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, санкционирани биле 126 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така, санкционирани се 150 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 24 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а седум заради техничка неисправност. Санкционирани се и двајца возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата – фолии – информираа од МВР.

Би можело да ве интересира

Пијан возач предизвика сообраќајка во Свети Николе – повреден е мотоциклист

А1он

Секој ден сексуално вознемирува продавачка во Желино – кривична за 61 годишник

А1он

Уапсен е 82 годишник од велешко – долго време ја тепаше сопругата

А1он

Полицијата за шест часа напиша 63 казни за возење под дејство на алкохол – уапсени се осум возачи

А1он

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Се судрија автомобил и два мотоцикли кај наплатна рампа „Глумово“ – тројцата возачи завршија во болница

А1он