Изменети се бројките во балансерот, зголем број Македонци, намален на Албанци за вработување во државните институции

Од:

Изменети се процентите на балансерот, алатката за вработување според национална припадност во државните институции, соопшти министерот за јавна администрација Горан Минчев. Во новата пресметка за вработувањата е вклучен само бројот на резидентото население според последниот Попис. Претходната пресметка, во која според Минчев не бил почитуван Законот за вработените во јавниот сектор, е од 2022 година кога министер беше Адмирим Алити.

„Измената на процентите на балансер алатката исклучиво се направени согласно Законот за вработените во јавниот сектор, кој претходно не бил испочитуван. Тоа значи дека во пресметката на балансерот како дел од годишните планови за вработување во институциите во јавниот сектор ќе биде вклучен само бројот на резидентното население, а нерезидентното население е исклучено од пресметката на балансерот“, изјави Минчев.

Така, според новите пресметките во годишните планови за вработување во институциите од јавниот сектор се коригираат процентите: Македонци од 54,21% на 58,44%, Албанци од 29,52% на 24,30%, Турци од 3,98% на 3,86%, Роми од 2,34% на 2,53%, Срби од 1,18% на 1,30% и Власи од 0,44% на 0,47%.

Минчев рече дека во неговото министерство се пристигнати околу 120 годишни планови за вработување во институциите од јавниот сектор и од нив само пет се со позитивно мислење, а останатите се вратени со забелешки по кои треба да постапат институциите и да ги усогласат со новите проценти.

Законот за вработените во јавниот сектор, кој започна со примена во 2015 година, предвидува механизам за распределба на новите вработувања со соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците, на ниво на секоја од институциите во јавниот сектор, а врз основа на потребите на самите институции изразени преку Годишни планови за вработување.

Би можело да ве интересира

Минчев: Подобрениот ПВР процес е основа за поквалитетни закони

Минчев: Св. Климент Охридски е наш потсетник на заемна поддршка и морални вредности

Минчев: Стоп за партиските вработувања

А1он

Минчев: Департизирана, професионална и европска јавна администрација

Минчев: Граѓаните го препознаа нашиот концепт на чесна, директна и народна политика

А1он

Продлабочувањето на соработката во фокус на средбата Минчев-Сулстром