Иванова: Македонија позитивен пример во процесот на модернизација на жените

Од:

Маја Иванова, сопругата на претседателот на Република Македонија, денеска во Истанбул учествуваше на женската сесија во рамки на 16.Евроазиски економски самит насловена „Искуството на жените во процесот на модернизацијата“, на која ги претстави состојбите со правата и постигнувањата на жените во Македонија и активностите и проектите што ги презема лично во таа насока.

Иванова, јави известувачот на МИА од Истанбул, посочи дека модернизацијата на жената не значи само донесување декларации, платформи, акциски планови, туку значи и промена на концептите во нашите размислувања, промена во традиционалните и конвенционални вредности и стереотипи, како и во поттикнувањето и обезбедувањето политичка волја за прифаќање на тој начин на размислување.

– Мојата земја е позитивен пример во таа насока. Законските регулативи за еднакви можности, донесувањето Национален план за полова рамноправост, формирањето Комисија за еднакви можности во Собранието и многу други примери покажуваат постоење на политичка волја сите реформи да се афирмираат и исполнат, рече Иванова, порачувајќи дека не треба да се застане тука, да се искористи секоја можност да и се помогне на жената.

Според неа, модерната жена значи и модернизирано општество, кое, како што рече, ќе овозможи што повеќе успешни примери на жени лидери во секоја област.

Обраќања на женската имаа и претседателката на Косово Атифете Јахјага, претседателката на Парламентот на Албанија Јозефина Топали, принцезата Маргарита од Романија, како и првата дама на Албанија Одета Нишани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Георгиевска се вклучи во одбележувањето на 30 години од глобалната кампања против родово базирано насилство

А1он

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска на отворање на сензорна соба во ООУ „Блаже Конески“

А1он

Која е Олена Зеленски, првата дама на Украина