Истекува рокот за аплицирање за бесплатен викенд и бања

Од:

Утре истекува рокот за аплицирање за користење на услугите за бесплатен туристички викенд и бањско-климатска рекреација за пензионери.

Услугите „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија за 2015 година” и „Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година” може да ја користат лица корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со коишто се склучени договори за социјално осигурување.

Лицата корисници на пензија кои користат и паричен надомест за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило имаат право на придружник за време на бањско климатската рекреација и бесплатниот туристички викенд, појаснуваат од МТСП.

При рангирање на поднесените барања, приоритет ќе биде даден на пензионерите кои пред пензионирањето работеле во рудници со подземен ископ, и на корисници на инвалидска пензија со утврден повисок процент на инвалидност.

Би можело да ве интересира

Колку навистина ќе ве чини реновирањето на бањата?

Евакуирани гостите во Тухељски Топлице, неколкумина завршиле во болница