И вети заработка од 20.000 евра на спортски типови, па преку лажен профил и „собра“ над 2.000 евра

Од:

На 10.06.2025 Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против едно лице поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело Член 251-б, ст.1, а во врска со Член 45 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, поради тоа што во текот на месец февруари со намера за стекнување на противправна имотна корист, преку претходно наменски креиран профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ со содржини со кои прикажувајќи се лажно како лице кое поседува информации за „сигурни спортски типови со загарантирана добивка“ стапило во контакт со оштетеното лице.

При комуникацијата пријавениот ја стекнал довербата на измаменото лице на начин преку прикажување лажни факти и документи со фалсификувана содржина во кои било наведено дека ќе и биде исплатена сума преку банка во износ од 20.157,00 евра, односно дека со вложување на парични средства ќе добие значително поголема добивка.

Оштетеното лице поверувало во лажното претставување на фактите и на барање на пријавеното лице извршило уплати преку финансиски сервис во три наврати, во вкупен износ од 2.156 евра, кои парични средства исто така во три наврати биле подигнати од страна на пријавеното лице.

Би можело да ве интересира

Уапсени се двајца скопјани – полицајците им ги земаа пиштолите

А1он

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Тешко повредена пензионерка во маркет во Аеродром – ја турна непознато лице

А1он

Полицијата во Карпош уапси крадец на велосипеди

А1он

Возач излета од патот кај Трубарево, па заврши со „мерцедесот“ во двор – двајца се повредени

А1он