И МЕПСО во барок

Од:

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и владината коалиција изгласаа нова барокна фасада за зградата на МЕПСО .

Против беше опозицијата, но власта одлучи  за две години  да се реконструиа фасадата во стил препознатлив за „Скопје 2014“. За опозицијата, смешни се објаснувањата дека со нова фасада во барок-стил ќе има поголема енергетска ефикасност и заштеда на давачките за одржување. За нив тука се работи за лични  интереси и  нечии фрустрации, кој не знае што е современа архитектура

„Во 21. век градиме објекти во барок-стил. Од Скопје направивме кич. Ни се смеат туристи и им служиме за жив пример на професори по архитектура како не треба да се гради. Од Мал ринг направивме куклен театар, рече советникот  во општина Центар, архитектот, Јован Тагасовски.

За власта , со проектот „Скопје 2914“, Скопје заличило на вистинска метропола, а со проектот се отсликува историјата и културата на Македонија.

И според градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, со проектот „Скопје 2014“ на центарот му се даде нов лик.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Панорамското тркало почна да се гради

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Почна барокната реконструкција на фасадите во центарот на Скопје

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Свинска коленица „Филип Втори“ и предјадење „Александар Македонски“ на бродот „Ројал Македонија“

Емир Латифовиќ

Малиновски: За четири дена не се прави ревизија на проект како „Скопје 2014“

Емир Латифовиќ