Хоџа: Правичната застапеност повеќе нема да зависи од ничија волја, туку станува законска обврска

Од:

Правичната и соодветна застапеност конечно станува закон. За првпат во историјата, ова право нема да остане само запишан принцип или политичко ветување, туку станува гарантирано, заштитено и задолжително за институциите. Досега многу работи зависеа од нечија волја, од расположението на некој министер или од политички пазарења. Со овој закон, на тоа му доаѓа крај, изјави Албрим Хоџа од ВРЕДИ на прес-конференција.

– За законот да не остане само на хартија, ќе има Координативно тело, кое ќе го предводи првиот вицепремиер. Пред ова тело извештаи ќе поднесуваат сите институции, без исклучок. Веќе нема да има оправдувања, туку следење, известување и одговорност.

Во рок од шест месеци од донесувањето на законот ќе се донесе методологија што во практика ќе ја уреди правичната застапеност, годишните планови за вработување и конкурсите. Таа ќе се заснова на последниот попис на населението, за застапеноста да го одразува реалниот демографски состав.

Една важна и историска новина е што законот нема да важи само за вработувањата, туку и за унапредувањата на работното место. Не е доволно некој да се вработи во администрација, а потоа со години да остане на истото ниво. Со овој закон се отвора пат за унапредување и за поголемо учество во одлучувањето.

Законот го решава и проблемот со злоупотребите што ги видовме со балансерот. Самоизјаснувањето не може да биде покритие за измама и никој не смее да си игра со идентитетот заради конкурс. Проверката ќе се врши врз основа на официјални податоци, вклучително и личната карта. Вистинската одговорност е политичка. Ако некој функционер не го почитува законот, ќе биде разрешен. Граѓаните не треба да плаќаат од буџетот за ничија неодговорност. Ова е победа за Албанците и за сите етнички заедници, унапредување на Охридскиот договор и голем чекор кон поправедна држава, кажа Хоџа.

Би можело да ве интересира

Законот за правична застапеност ќе се носи со мал Бадентер

ДУИ: Предлог-законот за правична застапеност претставува институционална измама

Катерина Ѓуровски

Села: Европски фронт нема да го поддржи законот за правична застапеност

Катерина Ѓуровски

Албанската опозиција пропушти 20 години за да обезбеди правична застапеност, вели Мицкоски

Минчев: На Законот за правична застапеност работат експерти од уставно право, ќе се испрати до Венецијанската комисија, а потоа во Собранието

Меџити: Законот за правична застапеност ќе биде во духот на тоа што нема да му се даде можност на Уставниот во иднина да укинува закони само со просто мнозинство