Харадинај се сретна со Салиу: Косово и Северна Македонија имаат одлични односи

Од:

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај го прими денеска на прва официјална средба новиот дипломатски претставник на Македонија во Косово, Реџеп Салиу, при што ги оцени како одлични односите меѓу двете соседни земји, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај, како што објави на својата страница на „Фејсбук“, на средбата ја изразил посветеноста на неговата Влада за градење на добрососедски односи со Македонија.

„На средбата за запознавање со вршителот на работите на Северна Македонија во Косово, Реџеп Салиу, ја изразивме нашата волја за продлабочување на билатералната соработка и унапредување на партнерството во областите од заеднички интерес меѓу нашите две земји. Косово останува посветено на добрососедските односи и во тој правец нашите односи со Северна Македонија се одлични“, напиша Харадинај.

Би можело да ве интересира

Харадинај предлага собраниска резолуција за решавање на споровите со Србија

Харадинај има верба за коалициски договор околу новиот преседател на Косово

Жарко Настоски

Харадинај: Косово е на пат да ја совлада пандемијата, треба да се укинат ограничувањата

А1он

Харадинај очекува косовското Собрание утре да ја изгласа новата влада

А1он

Харадинај: Измамникот Курти и се предаде на Србија

Самоопределување ќе организира протести за уривање на Харадинај и Тачи