Ова е мојата последна колумна за македонските медиуми до завршување на наредните парламентарни избори.
Благодарам на А1он за отстапениот простор за моите колумни. Благодарност до обичните граѓани на Македонија за тоа што ги читаа моите писанија.
И се заблагодарувам и на позицијата која искрено до денес верно ме читаше и незиниот демократски капацитет.
Исто и се заблагодарувам на опозицијата која се надевам дека ме читаше, а дел не ме изоставија со критиките.
Се ближат локални избори, мали турбуленции со референдуми , кризи во опозицијата и типови со аспирации да бидат„ Калиф уместо Калифа“ на двете страни подеднакво.
И бидејќи ова е моја последна колумна би сакал да напишам неколку реченици за 2013.
Може да се забележи дека двата табора се слабо екипирани, ниту да владеат едните добро, ниту пак другите од опозиција да преминат во позиција. Владата ќе тоне, а опозицијата нема да се крева и екипира обратно пропорционално од негативните трендови на позицијата.
Владата далеку повеќе троши одошто треба. И знаат самите дека нема да издржат.Тоа им е најголемиот проблем.
Некаде во еден период на 2013 тие две работи ќе се соединат, а пак заморот на двете групи ќе биде изразен пред можен референдум.
околку опозицијата ги изгуби локалните и во нејзе почнат игрите кој отворено ги навестуваат странските дипломати, позицијата ќе остане сама да го менаџира референдумот што не е некаква среќна ситуација.
Слабата опозиција тогаш ќе биде во трагично/смешна предреферендумска ситуација. Доколку опозицијата победи на локалните избори, за ВМРО-ДПМНЕ повеќе враќање нема. Нема за ништо да бидат способни да направат.
Многу пати напишав дека СДСМ тргнале во лоша математика, прегласно зборуваат за математики на локалните избори. Од тие математики прават и симулации за Конгресот, со што опозицијата губи енергија да го собори ВМРО-ДПМНЕ.
Ќе свртат некаков лик по медиумите колку да се знае дека имаат втора виолина после Бранко и можен наследник. Ќе го заборават ВМРО-ДПМНЕ мислејќи дека самиот ќе потоне и дека наследникот на Црвенковски е следниот мандатор на владата.
Таман ВМРО-ДПМНЕ ќе захуктаат дека овие локални избори ќе го праќаат Црвенковски во пензија, впрочем цел ПР им се сведува на тоа , трагично ќе биде ако опозицијата се одлучи да промовира кандидат или пак некој од таму самосебеси се промовира како можна замена за изгубени избори. Страва. Страва доколку пак таквите немаат подршка кај неопределените , а посебно ако му се наместат на ВМРО-ДПМНЕ како тема за критика дека и тоа лице е некаков „стар кадар”.
Локалните избори кога ќе завршат ќе отпочнат размислите и сценските претстави за референдум , а потоа парламентарни избори.
Економскатата ситуација ќе биде уште полоша од денешната.Тоа ќе не чека во 2013 година. Владата ќе не задолжува,а пак опозицијата ќе се подготвува за Конгресот.
Непринципиелните групи во позицијата како и позицијата (ако има такви во политиката) веќе се на борбените позиции се екипираат по цел фронт ама и во заднина. Остаревме во учење на политичките игри , јавни и задкулисни па ретко дека може било што да не изненади во политиката. Груевски исто веќе се троши полека.
Од неговиот патриотизам скоро нема ништо да остане. Ќе биди особено важно прашањето – кој тоа го натера да изгради цврста позиција за референдум.
Македонија е пред финалето – Ќе биде ли унитарна? Ќе влезе во НАТО ? Ќе влезе ли во ЕУ?
Во 2013 ете тоа ќе се одлучува и ништо друго. Еден грешен чекор и ќе нема време за поправен.
Лоша игра значи дека странски инвестиции можат да станат јаве за некоја Влада по 5-6години, а до тогаш да имаме добро здравје.
2013 ќе биде во знакот на Груевски и Црвенковски, најмалку еден нема да “преживее” на политичката сцена.
Даме Чкатроски