Груевски: Секој обид за оспорување на легитимитетот на нашите политики, ќе биде биде пресретнат со народот

Од:

Секој обид за оспорување на легитимитетот на нашите политики, ставови, позиции и гледишта, момент кој би стимулирал поделби или каков било момент кој засега негативно во суштинските прашања од државен интерес, ќе биде пресретнат во заедничка поткрепа со народот порача премиерот Никола Груевски, предупредувајќи дека следува период на предизвици за земјата.

Следуваат моменти во кои сите ние ќе бидеме соочени со бројни предизвици кои ќе имаат за цел да го раздвојат македонското национално ткиво по неколку линии, внесувајќи немир, вознемиреност, можеби и фрустрација и чувство на девалвација кај Македонците, моменти на провокација од разни структури, домашни и од надвор, на разбивање на кохезијата на македонскиот народ, на повторно етикетирање и стимулирање на вештачки подвојувања, и тоа ќе се обиди во насока да се компромитираат македонските државни и национални интереси кои се длабоко исправни и реални, рече Груевски.

Ние сме свесни за тоа, го знаеме и сакам да кажам, ние ќе одговориме, и тоа ќе одговориме заедно со нашиот најсилен сојузник – народот. Како што Карев и Питу заедно со народот дејствуваа, а Ченто, Панко и Апостолски заедно со народот ги донесуваат своите одлуки, така и ние како и досега со народот ќе продолжиме заеднички да дејствуваме. Секој обид за доведување под прашање на легитимитетот на ова што го говорам, за оспорување на легитимитетот на нашите политики, ставови, позиции и гледишта, момент кој би стимулирал поделби или каков било каков момент кој засега негативно во суштинските прашања од државен интерес, ќе биде пресретнат во заедничка поткрепа со народот, потенцираше Груевски.

И затоа е потребно збивање на редовите и чување на грбот, на сите нас, етнички, верски и политички, вмровци, сдсмовци, либерали, демократи, сите до еден, за да бидеме на линија на илинденска и асномска Македонија.

Да ги чуваме нашите заеднички интереси и Македонија. Тоа е рационално и искрено, пред се како должност, но и како право и обврска. И ова не сакам да звучи како клише, туку искрено и од срце го посакувам. Но, сакам и да кажам дека ние како политичка структура имаме одговор и секое оспорување на нашиот легитимитет за суштинските прашања ќе добие одговор, за кој сум сигурен дека ќе не доведе до нов успех и победа, затоа што со народот заедно дејствуваме, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Денот на Републиката 2 Август неработен за сите граѓани

Горан Наумовски

2.Aвгуст е неработен ден за сите граѓани на Македонија

САД го честитаа празникот Илинден

Ана Ололовска

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири

Ана Ололовска

„Победа за сите“ – заеднички лајтмотив на чествувањата во Крушево, Пелинце и Скопје

Ана Ололовска

Денот на Републиката неработен за сите граѓани

Ана Ололовска