Груби доби отказ од Правниот факултет во Тетово

Од:

Деканот на Правниот Факултет при Универзитетот во Тетово, Сафет Емурли информира дека на Артан Груби, кој е вработен како професор на отсекот по новинарство, му е испратено решение за отказ.

Дел од медиумите информираа дека постапката за отказ била почната поради тоа што не се појавил на работа во текот на декември.

Груби бил таму вработен од 2012 година, а поради вршење јавна функција, местото било во мирување се до август 2024 година кога се вратил на работа.

– Завршена е постапката со отказ на споменатото лице. Значи веќе не е во работен однос во Тетовскиот Универзитет. Отказот му е пратен по пошта и електронски на службениот и-мејл, изјави Емурли.

Во Законот за работни односи согласно член 82 се вели дека работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година.

На 9 декември 2024 година, Груби се најде на т.н Црна листа на американскиот Стејт департмент од каде посочија дека заедно со судија биле вмешани во значителна корупција преку примање мито за предмети поврзани со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

За него е почната и кривична постапка во предметот „Државна лотарија“.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Сите се откажаа и извинија за Груби, само СДС не се извини зошто му дозволуваше да краде

ВРЕДИ го повика ДУИ да го исклучи Артан Груби

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Груби, одраз на ароганцијата на ДУИ нон грата

А1он

Ги повикувам сите оние бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите, вели Мицкоски

Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби и ДУИ, СДС само молчеле на криминалот

А1он