Грчките власти го одобрија транспортот на телото на Дениса

Од:

Судијата од судот во Родос го потпишал решението со кое се дозволува телото за кое се тврди дека е на Дениса Марковска да биде пренесено во Скопје. Се очекува телото да пристигне викендов.

Согласно грчките закони, за да може да се изнесат посмртните останки надвор од Грција потребна е дозвола од надлежен суд.

По пристигнувањето на телото, на барање на родителите ќе следува нова ДНК-а анализа и реобдукција на телото откако министерството за здравство му даде вакви овластување на институтот за судска медицина.

Обдукцијата во Грција потврди дека телото, кое беше најдено кај Родос, е на Дениса, но семејството се сомнева во резултатите и побара нова анализа.

Би можело да ве интересира

Прилепчани се збогуваа со Дениса Маркоска

Емир Латифовиќ

Семејството на Дениса ќе одлучи за објавување на резултатите од Судска медицина

Емир Латифовиќ

Тодоров одобри реобдукција за Дениса во Скопје

Емир Латифовиќ

Семејството на Дениса Маркоска бара реобдукција во Македонија

Емир Латифовиќ