МВР извести дека ноќеска во 1.25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во Стара скопска чаршија констатирале смрт без видливи траги на насилство кај машко лице.
„Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за А.Т.(58) од гостиварското село Чегране. Според пријавеното, додека се движел со негова познаничка му се слошило, по што паднал и починал“, извести полицијата.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.