Државниот студентски дом – Скопје ја демантира информацијата која е објавена во дел од електронските медиуми, за наводен пожар во просториите на студентскиот дом “Гоце Делчев“.
Имено, се работи за опожарен објект кој се наоѓа во непосредна близина на студентскиот дом, така што, од аголот од кој е направена фотографијата која ја објавуваат интернет порталите, се создава впечаток дека пожарот избувнал во еден од блоковите.
Апелираме до сите медиуми за проверка на состојбите, пред да биде објавен било каков натпис, во кој ќе нема информација од Државниот студентски дом – Скопје.