Гоце Делчев и Тераса Бојс

Од:

Еден национализам раѓа друг национализам, еден кич твори друг кич… и до недоглед такмичењето. На Гоцевава раса, патриоти до еден, а пред се заблудени со најновата, ганц идеологија им застана малку кнедлата во грлото.

Нема реакции од нивната Централа по повод носењето на кече и на Гоце Делчев. Треба ли и тие да носат или не треба, наредба се чека или толкување.

До Солунско поле ќе одеа ,а леѓа ќе им чува Ахмети во Скопје. Би рекол одлична прослава на 100 години од aлбанското знаме каде две збунети дијаметрално спротивни групи почнаа да учат лекција. Првата е терасаџиите, а втората е СДСМ. Акалот на првата… толку.

Најкрупните нивни патриотски медиумски адвокати се сокрија на 196 часа за да добијаат инструкции и завземат позиција.

Втората група од СДСМ заборава кога зборуваме за капацитетите, партиските се ограничени по темава. Искуствата од 2001/2 ги заборавиле. Предупредивме дека се во грешен казан и се на прагот на дво-национална поделба со поддршка на таквите идеолози и идеи како на еден бивш министер за надворешни работи. Добивме и контра обвинувања. Сега контра ќе ги обвиниме со совет-Враг је однео шалу.

Политиката е малку покомлицирана од дневното собирање на поени. Поените за ден не се собираат ами внимателно и континуирано… многу внимателно.

Референдум со ваков развој на работите по името, парламентарни избори се неминовност, а не само локални. Партизираност на опозицијата не е најдобар пример за освојувањето на широки народни маси во горлива ситуација. Пречат сите математики на СДСМ, минус еден на локални или плус еден на локални.

Многу сериозни математичари. Ние што не знаеме толку математика би рекле +50.000 на локални. Погубна е оваа власт, заебете компартиски игри не сте вие во прашање ами веќе на маса лесно може да се стави Македонија.

Со ваков националистички и емотивен набој треба да се стаса до поимот-Добро изведени мирни избори. Стотина пати сум напишал дека Белград е најголемиот лобист за создавање на Голема Албанија. Од изјавата на МПЦ и ИВЗ, осеча се у ваздуху. Поповите и оџите на борбеното поле на политиката, гласноговорници.

Со нив ќе треба и тоа како да се расчисти по падот на ВМРО-ДПМНЕ. И тоа не онака расчистување туку ептен … „со булдужер“. Секуларизмот го заменија со политиканство. Играјќи на политички терен во спрега со политиката добро е еден ден да настрадаат од нејзе.

Последната работа која му требаше на Стефана е да дава изјави како онаа од пред некој ден додека Поглаварот на ИВЗ зборуваше за граници кои никој верник не ги видел дека се напишани во Куранот. И во Куранот ви имало граници ама не сме знаеле да читаме.

Уште е свежа во меморијата грчката измама (препорака) во деведесетите години кога дел на ВМРО-ДПМНЕ, по умот на Кипар ќе го местеа нашиот Макариос.

Свежи се идеите и на САНУ, а поделбата на Косово или Македонија како домино ефект може да донесе распад на оваа земја.

Нашиве капацитети во Скопје не разбираат дека Македонија се брани во Косовска Митровица. После сите овие шеми и сценарија, можеби ќе разберат дека Косовска Митровица е последната одбрана на Македонија.

Таму се брани Македонија, а не со споменици, храбри бегства кога загусти и патриотски песни со кило со кило и смедеревка.

Се надевам дека СДСМ ќе си се екипираат таму под слоганот – Кој е против Груевски, може да ни се приклучи, до овде е. А ,слоганот ако не си СДСМ напрај си партија, е иритирање на неопределените.

Неопределените ќе ги одлучуваат идните избори и не само тие, туку сите избори во оваа земја.

Даме Чкатроски

Би можело да ве интересира

Груевски да биде изолиран, а не државата

Ана Ололовска

Третманот на прашањето за изградбата на гасоводот „Јужен тек“ во македонските медиуми

Ана Ололовска

Новинарска лекција: РЕПОРТАЖА

Ана Ололовска

Може ли да се украдат 200.000 гласови и зошто?

Ана Ололовска

Костова: Никола твојата последна битка за опстанок на ФОКУС е наш императив!

Ана Ололовска

Кога новинарите не прашуваат, лагата многу лесно станува вистина

Ана Ололовска