Ѓорѓиевски за Божик: Секој нов ден биде благословен со успеси

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски упати честитка по повод големиот христијански празник Божик, посакувајќи во секој дом да има многу љубов и здравје, мир, среќа и бериќет.

-Христос се роди! Божиќ е празникот што тивко нè собира околу највредното, семејството. Тој нè потсетува колку е света слогата меѓу најблиските, колку е важно да стоиме еден покрај друг, да се држиме заедно и безрезервно да си бидеме поддршка, и во радост и во искушенија, посочува Ѓорѓиевски во честитката објавена на неговиот Фејсбук профил.

Порачува секој нов ден биде благословен со успеси, спокој и вера во подобро утре.

-Да бидеме добри луѓе, со чисто срце, со разбирање и почит еден кон друг. Да простуваме полесно, да сакаме повеќе и да не заборавиме дека вистинската сила се раѓа во добрината и човечноста. Да останеме сплотени, со меѓусебно разбирање и топлина во семејството, затоа што токму тоа е темелот што нè носи низ сите препреки и предизвици на нашите животни патеки. Нека светлината на Христовото раѓање ги осветли нашите домови и срца. Честит Божиќ. За многу години!, напиша тој.

Ѓорѓиевски во честитката нагласува дека Божик е ден кога срцата се отвораат, а добрината станува наша најсилна порака.

-Божик е и најрадосниот празник, празник на Христовото раѓање, празник на животот, надежта и љубовта. Ден кога срцата се отвораат, а добрината станува наша најсилна порака. Денес, во духот на овој свет празник, присуствував на Божествената литургија во Соборниот храм, со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан. Молитвата, заедништвото и духовниот мир уште еднаш нè потсетија на силата на верата и значењето на единството, посочува Ѓорѓиевски во честитката за Божик.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Наследивме целосен колапс на градот, влеговме директно во срцето на проблемот

А1он

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

100 нови автобуси за Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски

Почнуваат градежните работи на булеварот „Македонија“, првата од четирите фази треба да се реализира за 90 дена