Ѓорѓиевски на средба со Ќулавкова: Нејзиното творештво е вистински печат во современата македонска книжевност

Од:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски денеска остварил средба со академик Катица Ќулавкова.

-Ми беше особена чест и задоволство да испијам пријателско кафе со академик Катица Ќулавкова – интелектуалец, универзитетски професор и редовен член на МАНУ, се вели во објавата на Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук страница.

Како што наведува Ѓорѓиевски, нејзиното творештво е вистински печат во современата македонска книжевност, преку делата што инспирираат генерации, што ја збогатуваат нашата културна меморија и отвораат нови хоризонти на мислата и уметноста.

-Од срце ѝ благодарам за поддршката и охрабрувачките зборови кои ми ги даде. Ваквите средби носат силна мотивација и уште поголема одговорност за сè што следува, наведува Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Наследивме целосен колапс на градот, влеговме директно во срцето на проблемот

А1он

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

100 нови автобуси за Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски