Ѓорѓиевски: Инспектори беа на терен, Град Скопје нема издадено дозвола за Зимзоленд

Од:

Инспектори во координација со Државен пазарен инспекторат (ДПИ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска спровеле акции на улица „Пластичарска“, како и на Зимзоленд, каде било утврдено дека Град Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност.

За ова информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук, нагласувајќи дека Град Скопје заедно со Инспекторатот и во координација со ДПИ и МВР, спровел широка акција со единствена цел, да се врати редот и достоинството на јавниот простор на целата територија на градот. Изречени биле повеќе од 20 казни.

– Како што најавив, така и постапуваме. Нема отстапки, нема компромиси со хаосот. Ги отстрануваме сите појави кои го узурпираат просторот што им припаѓа на скопјани, го попречуваат движењето и го нарушуваат јавниот ред. Скопје мора да биде град во кој владеат правила, а не самоволието. Вработените од ЈП „Градски паркинг“ ги отстрануваа неправилно паркираните возила долж улицата „Пластичарска“. По пријави од граѓани, постапивме и на Зимзоленд. Инспекторатот беше на локацијата и утврди дека градот Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност. Констатирани се повеќе неправилности, особено во однос на вршење дејност надвор од објект. Дополнително, за реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, наложено е градежниот инспектор од општината да постапи согласно законските регулативи, истакна Ѓорѓиевски.

Нагласи дека Град Скопје и тој како градоначалник ќе продолжат бескомпромисно да се борат против секоја неправилност, секој обид за узурпација и секој хаос кој го загрозува јавниот простор.

-Овој град заслужува ред, а скопјани заслужуваат достоинствено, безбедно и уредено место за живеење. Редот е обврска. И ние ја исполнуваме, додаде Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Орце глуми скромност, а ангажира личен шофер за претседателот на Совет

Ѓорѓиевски: Следната година 80 нови електрични автобуси за Скопје

За неколку дена ќе бида распишана тендерска постапка за изградба на Луна паркот во Скопје

Ѓорѓиевски: Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток и изградбата продолжува со забрзано темпо

А1он

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот