Ѓорѓиевски: Досега напишани се десетици казни за несовесно одложување отпад

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва во 20 часот ќе информира за текот на акцијата за чистење на градот којашто завршува денес.

Ѓорѓиевски ја најави акцијата уште во предизборната кампања, а ја почна кога ја презема градоначалничката функција.

Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски попладнево напиша дека во акцијата биле вклучени повеќе од 2.500 луѓе и над 100 возила.

Упати апел до граѓаните за одговорно однесување, предупредувачки дека во иднина нема да се толерира несовесното одложување на отпад.

– Досега напишани се десетици казни на неколку правни субјекти, а оваа пракса ќе продолжи за секој оној кој го загрозува нашето здравје. Да го чуваме Скопје, стои во објавата.

Би можело да ве интересира

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Наследивме целосен колапс на градот, влеговме директно во срцето на проблемот

А1он

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

100 нови автобуси за Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски