Ѓорѓиевски: Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток и изградбата продолжува со забрзано темпо

Од:

Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток и изградбата продолжува со забрзано темпо. По неколкумесечен застој, повторно се работи на една од најстратегиските сообраќајни точки во Скопје, место каде што се спојуваат неколку клучни градски правци, изјави денеска скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

Вели дека „во тек е изградбата на атмосферска канализација Ф1200 на булевар „Никола Карев“ во должина од 550 метри, од мостот на Серава до булевар „Словенија“.
Паралелно, се гради и новиот мост на Серава на истиот булевар, кој ќе премостува три ленти во еден правец и четири во друг, со вкупна ширина од 44 метри“.

„Се подготвува и натпатникот на булевар „8 Септември“, долг 43,5 метри, кој ќе го премости булевар „Никола Карев“ и ќе ја поврзе кружната крстосница со турбо кружен тек, многу важна алка во целото решение. Имено, досега изградбата се одвиваше во сложени услови поради густиот сообраќај и поради нерешени имотно-правни односи. Но, процесите се деблокираат и динамиката конечно се забрзува. Наскоро, овој сообраќаен јазол ќе донесе сериозно олеснување за илјадници граѓани – побрз проток, помал метеж и модерен приод кон Скопје“ порача Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Наследивме целосен колапс на градот, влеговме директно во срцето на проблемот

А1он

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

100 нови автобуси за Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски

Почнуваат градежните работи на булеварот „Македонија“, првата од четирите фази треба да се реализира за 90 дена