ГИМ и ЕГЕ освоија прва награда за Менаџмент на знаење и интелектуален капитал на светско ниво со моделот CO-IN

Од:

Градежениот институт Македонија и Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика (ИЕГЕ) освоија прва награда на Европската конференција за управување со знаење на тема: Менаџмент на знаење и интелектуален капитал.

Наградата се доделува на годишно ниво, на најдобрите светски практики за менаџмент на знаење и интелектуален капитал, како дел од Европската конференција за менаџмент на знаење, најстарата конференција во оваа област во Европа.

Моделот што ГИМ и ИЕГЕ го презентираа на конференцијата е наречен „Иновативен модел за развој за организација која учи преку менаџмент со знаење и интелектуален капитал“, а беше прогласен за најдобар во светски рамки, избран помеѓу финалисти од САД и Русија.

ГИМ и ИЕГЕ го развија моделот CO-IN, како холистички пристап во соработка универзитет-индустрија во земјите во развој. Во периодот 2014-2019 година се развиени и имплементирани голем број стратешки одлуки, засновани на стратегите за развој, човечки ресурси и менаџмент на знаење иновативни активности, структурни мерки и организациски промени, засновани врз усвоените стратегии за инвестиции и развој на човечкиот капитал во ГИМ. Сите спроведени активности се спроведуваат во согласност со Стратегиите на ГИМ: Стратегија за развој, Стратегија за управување со човечки ресурси и Стратегија за КМ ( knowledge management).

-Овој процес кој се развиваше во последните шест години даде многубројни резултати во работењето во ГИМ, придонесе кон задоволни клиенти, многубројни соработки, нови проекти и зголемување на ефикасноста на компанијата, велат од ИЕГЕ.

Европска конференција за управување со знаење е најдолго одржувана академска КМ конференција во Европа. Организирана е во универзитети во многу градови низ Европа, вклучувајќи ги: Барселона, Париз, Лисабон, Даблин, Оксфорд, Глазгов, Блед, Венеција, Ница и Белфаст. На конференцијата секоја година присуствуваат учесници од повеќе од 40 земји и привлекува интересна комбинација на академски научници, практичари и поединци кои се занимаваат со различни аспекти на управување со знаење.

Би можело да ве интересира

Градежен институт и Макстил во заедничка соработка за реализација на европскиот проект за циркуларна економија – CINDERELA

Ана Ололовска

Градежниот институт се приклучи кон европски проект „СИНДЕРЕЛА“

Ана Ололовска

Градежен Институт Македонија отвори современа лабораторија во Црна Гора

Ана Ололовска