Ги уби девојката и татко и во Велес, па си пресуди

Од:

Двојно убиство и самоубиство се случи попладнево во Велес.

Според информациите, младо момче со нож ја уби својата девојка и нејзиниот татко, по што самиот си пресуди.

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул. Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. На местото излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за Р.К.(31) од Велес, која од Итна медицинска помош е пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт.

Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и К.К.(68) кој исто така, имал повреди од остар предмет.

Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и И.С.(39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил.

Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт.

Увид врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа на СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопштија од МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен е осомничениот за двојното убиство во Никшиќ

Злосторство во семеен дом во Чачак – пронајдени три безживотни тела

А1он

Трагедија во Меѓумурје: Ја уби невенчана сопруга, па ја застрела нејзината сестра, полицијата трага по осомничениот

Горан Наумовски

Внук ги уби баба му и дедо му, па избега

А1он

Двојно убиство во Цетиње – ликвидирани членови на Шкаљарскиот клан

А1он

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски