(ФОТО) Протест и пред Собранието, летаат јајца кон законодавниот дом

Од:

Дел од граѓаните кои протестираа пред зградата на Владата на Македонија, својот револт против францускиот предлог продолжија да го изразуваат пред Собранието.

Кон законодавниот дом тие фрлаа јајца и ја тргнат заштитната ограда поставена во паркот пред македонскиот Парламент.

Околу Собранието има бројни полициски сили.

Денешниот масовен протест, трет по ред, започна во тензична атмосфера, откако денеска опозицискиот лидер Христијан Мицкоски ги повика граѓаните на најмасовно учество, поради тоа што имал информации дека властите утре ќе го прифатат францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и почеток на преговори на Македонија за членство во ЕУ.