Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три службени лица од МЗШВ

Од:

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава  до Основното Јавно Обвинителство – Скопје против три службени лица во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Првопријавениот, како што се наведува во соопштението од Управата, во својство на службено лице во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Решение несовесно постапувал при вршење на своите овластувања, на начин што во текот на 2021 и 2022 година не изготвил записник за одземање на владението на правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје иако на 07.10.2021 година уредно му била доставена Изјава за раскинување на договорот за закуп на правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје бр. 39-7689/1 од 28.09.2021 година, спротивно на член 37 од Законот  за земјоделско земјиште. Дополнително, првопријавениот несовесно постапувал во вршењето на своите овластувања и должности и како службено лице во Подрачна единица при МЗШВ во период од 16.09.2020 година до 15.04.2022 година на начин што не ја доставил Изјавата за еднострано раскинување до надлежните служби на МЗШВ – Гази Баба за истата да биде евидентирана во ФАРМ системот и правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје да биде избришан од Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Со тоа му овозможил  на ДЗС Илинден АД Скопје да прибави корист за себе и тоа незаконско владение и плодоуживање на државно земјоделско земјиште, како и незаконско користење на финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за период од 2021 до 2024 година  во вкупен износ од 15.052.001,00 денари.

Второпријавената во својство на службено лице  во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во период од 15.04.2022 до 24.08.2022 година, како и во период од 16.09.2020 година до 15.04.2022 година, во својство на службено лице во  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги повредила законските прописи за совесно постапување при вршење на своите овластувања на начин што во текот на 2021 и 2022 година Изјавата за раскинување на договорот за закуп на правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје не ја доставила до надлежните служби на МЗШВ-Гази Баба за да биде евидентирана во ФАРМ системот и правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје да биде избришан од Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Со тоа му овозможила  на ДЗС Илинден АД Скопје да прибави корист за себе и тоа незаконско владение и плодоуживање на државно земјоделско земјиште, како и незаконско користење на финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за период од 2021 до 2024 година  во вкупен износ од 15.052.001,00 денари.

Третопријавениот, пак, во својство на функционер во  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  во период од јануари 2022 до ноември 2023 година ги повредил законските прописи за совесно постапување при вршењето на своите овластувања со пропуштање на должен надзор над комисијата за одземање на владение врз основа на престанок на склучени договори за закуп, формирана од страна на министерот, во однос на одземањето на владение на државното земјоделско земјиште на правното лице ДЗС Илинден спротивно на чл.49 од Законот за организација и работа на органите на државната управа. Оваа одговорност вклучува имплементација и одржување на внатрешни контроли кои се релевантни за процесот на одземање на владение на државно земјоделско земјиште врз основа на донесена Изјава за еднострано раскинување на договорот поради неподмирени обврски за закуп, во согласност со одредбите од релевантната законска и подзаконска регулатива, стратешките документи и воспоставени политики. Третопријавениот иако бил задолжен да организира и обезбедува законито и ефикасно вршење на работите и задачите, со пропуштање на должен надзор несовесно постапувал во вршење на своите овластувања, односно не преземал дејствија за утврдување на фактичката состојба во однос на одземање на владението на ДЗС Илинден АД Скопје. Со тоа му овозможил  на ДЗС Илинден АД Скопје да прибави корист за себе и тоа незаконско владение и плодоуживање на државно земјоделско земјиште, како и незаконско користење на финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за период од 2021 до 2024 година  во вкупен износ од 15.052.001,00 денари, се наведува во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Би можело да ве интересира

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за раководно службено лице во Општина Радовиш

Владата одлучи: Ивановски е нов в.д. директор на финансиската полиција, а Селами е избран за директор на ДЗС

Томовска: Во координација со финансиската полиција ќе одлучиме дали инспекцискиот надзор во М-НАВ ќе се прошири

Управата за финансиска полиција врши проверки во М-НАВ

Горан Наумовски

Арсовска игра шах со Дедо Мраз додека ги чека резултатите од истрагата на Финансиска за украсувањето

A1on

Финансиската полиција денеска треба да влезе во Град Скопје