Филипче: Дипломатска катастрофа и понижување на македонската држава од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Давкова

Од:

Вчера, при официјалната посета на Бугарија од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, се случи невидено погазување и понижување на достоинството на македонската држава и нејзините граѓани, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче во објава на Фејсбук.

-За првпат во историјата на нашата држава, македонски претседател оствари средба со претседател на друга држава без никакви државни обележја. Да биде скандалот уште поголем, на средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој беше само нем сведок на недоличниот и понижувачки чин. Очигледно е дека ниту еден претставник на македонската делегација не реагирал на ова деградирачко однесување, вели Филипче.

Голем скандал се случи во Софија, токму во соседната земја која е омилена тема на ВМРО-ДПМНЕ за печалење на политички поени преку популистички изјави и ставови потенцира претседателот на СДСМ.

-Додека на домашен план се претставуваат како големи патриоти, на буквално првата средба во Софија гордо позираа пред бугарското, но не и пред македонското знаме. Ниту на средбата на Дафкова со Радев, ниту на средбите на министрите на Мицкоски со колегите министри од Бугарија немаше државно знамe.Остро го осудувам ова понижување на државата и државните симболи. Покрај понижувањето, Дафкова од Софија не се врати со ниедна конкретна порака или договор, додека бугарската страна јасно порача дека не отстапува од позициите. Не слушнавме нуту дали и како Дафкова побарала унапредување на преговорите, промена на преговарачката рамка и се што ветуваат. Со еден збор, дипломатска катастрофа на ВМРО-ДПМНЕ и Дафкова, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Единствено што прави СДСМ е барање поддршка на семејствата и откривање на вистината за Кочани

(ВИДЕО) Филипче: Судењето за Кочани е тест за целото општество, мора да се води кристално чисто

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст

Трајановски не е промена за СДС, промена и реформа се можни само со оставка на Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Филипче поставува кадри кои се сметаат за блиски до кланот Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски