Фијат Цаноски: Убеден сум дека во Стразбур ќе ја добијам тужбата од 65 милиони евра

Од:

Објавените аудио снимки од разговорите на премиерот Никола Груевски со министерот за Транспорт и врски Миле Јанакиески, кој според Заев бил нарачател и координатор на уривањето на комплексот „Космос“, на Фијат Цаноски, е потврда-случајот бил политичка пресметка.

Со овој дополнителен доказ, Фијат Цаноски се надева на побрза разрешница на судскиот спор во Стразбур.

Во интервју за Дојче веле, тој вели дека и покрај огромните финансиски проблеми нема да се откаже од изградбата на комплексот. Отштета по судски пат ќе бара и во Македонија, но во некое друго време!

Не е убаво кога ќе се слушнат вакви снимки во секој случај, и за уши и за очи, тоа е многу лошо затоа што сепак се работи за многу големи средства кои што отишле за многу големи инвестиции, така што не ми беше многу лагодно. Дали ќе биде во моја корист или штета? Кај мене штетата е направена уште пред 4 години, пред се‘ финансиска и повеќе од тој аспект не може да се направи. Можам да имам само корист затоа што овие снимки докажуваат дека како бизнисмен и инвеститор сум работел согласно Деталниот и Генералниот урбанистички план и според законите, но сепак се потврди дека ова е политички смислено и политичко рушење. Секако дека ќе имам добивка затоа што овие снимки планирам да ги испратам во Стразбур каде уште пред три години имам поднесено тужба пред Меѓународен суд за човекови права. Мојата апликација е прифатена и сигурно дека ова ќе биде уште поолеснителна околност тој процес и да го добијам. Со ова се докажа дека бевме во право и на анкетната комисија во собранието. Ако се вратите назад ќе видите дека инспекторката која донела решение за уривање беше толку збунета, не знаеше што да зборува. Исто како и директорот на инспекторатот. Уште тогаш беше очигледно дека уривањето е политички, мотивирано од политички причини.

Прво треба да се консултирам со моите адвокати, но мислам дека ова отвора можност за барање на ревизија на сите досегашни пресуди. Веројатно дека би побарал и ревизија на предметите, но во некое друго време, сега не! Се‘ уште ја чекам пресудата од Стразбур, јас сум убеден дека ќе ја добијам, посебно по овие снимки кои како што реков ќе ги доставам до судот. Тужбата е многу голема, се работи за 65 милиони евра отштета кон државата, вели Цановски за Дојче Веле.

Би можело да ве интересира

Цаноски: Згрозен сум од леснотијата на нивното смеење

Емир Латифовиќ