Фатена е гевгеличанка, бегалка од затвор

Од:

МВР информира дека синоќа во 21.10 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ја лишиле од слобода Д.Џ.Б.(46) од Гевгелија.

Таа била барана по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувала казна затвор од три години и шест месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а имала за доиздржување уште две години и пет месеци.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

Би можело да ве интересира

Уапсен арачиновец кој избегал од „Идризово“