Фашизмот и Македонија

Од:

Фашизмот, драги мои, не е партизанското, еврејското, руското или американското толкување низ купиштата напишани книги и снимени филмови но ниту пак читањето на Мaин Кампф е познавање или запознавање на фашизмот.

Фашизмот не е Хитлер, тој е извршителот. Фашизмот како идеологија или филозофија се појавува на друго место далеку порано од појавата на Адолф Хитлер.

Фашизмот е средство за мобилизација за остварување на геополитичките цели на некои држави.

Проблем е со тој рецепт како и сите други рецепти за остварување на геополитички цели, подготовката внатре и подготовката за експанзија. Да, преку мобилизација и покрет.

Маин Кампф исто така не е книга за фашизам тоа е начин на подготовка на земјата за остварување на експанзионистички цели.

Фашизмот не е афтохтон нити припаѓа на Германија нити Италија тоа е политика на угнетувањето врз база на хиерархија и ЕДЕН ЛИДЕР.

Се разбира дека за нашите читатели е непозната идеата која го порази фашизмот. Не е таа ниту демократска нити еврејска нити руска туку далеку Азиска и е по потекло од Кина и гласи –Едно небо подеднакво за сите.

Филозофијата на Едно Небо Подеднакво за Сите е почетокот на Светот без лидери , светот на глобализацијата каде геополитичките цели се од економска природа.

Развојот на цивилизациите, транспортните коридори, енергијата и миграцијата пред Берлин на Шпер,како компарација.

Адолф Хитлер не бил фашист туку германски националист, поразен во Првата Светска војна. Барајќи ги одговорите за поразот на Германија и одговорите како да ја прероди Германија и да изгради Германија која би победувала успеал да вработи двајца геополитичари и мислители.

Тие брзо ја запознале природата на личноста на Адолф Хитлер и му препорачале да го воведи фашизмот како движење (не партија) во Германија и да ја измени внатре економско/културилошки /географски за да ја отпочне експанзијата на Германија во светот. Едноста, фашизмот најмногу одговарал на ликот и размислите на Адолф Хитлер.

Би сакал заинтересираните да ја прочитаат оваа бесплатна книга за да ги добијат одговорите.

http://www.usafa.edu/df/dfh/docs/Harmon53.pdf

Фашизмот инаку е идеологија за подготвување на експанзија и внатре и кон надвор. Тој самиот не е можно да се задржи во границите на една земја.

Пред се таа земја треба да биде малку поголема од нашата , со огромни ресурси и материјални и човечки. Второ , смешно е да го примените во експанзијата кон надовор на поголеми земји заради што секогаш резултатот ќе е поразителен.

Применуваќи го земја со мултиконфесионално, мултиетничко општество ќе ве донесе во хаосот на граѓанската војна. Не заборавајте за чисти раси и територии се работи. На Балканот , неизводливо.

И на крај , нема фашистички лидер кој ја избегнал раката на правдата.

Македонските фашисти во Македонија, ако ги има, би рекол дека се далеку од тоа да разберат дека во оваа земја не може да има фашизам кој неслужи ама баш на ништо.

Можат меѓу себе да си го практикуваа, но е нејасно како тоа би го смениле општеството или пак не дај Боже да помислуваат на Македонска некаква експанзија.

Да биде и политичка соседите ќе не поразат до колена.

Не исклучувам соодветни препукувања со истоветни групи од соседството но интернационализација (на комшиска база) не може да се случи.

Нити една фашистичка група од соседните земји не ја признава Македонија и македонската нација. Дури и многу полошо , знаеме точно дека сакаат да не снема.

Па личи малку мазохистички да славиме и прифаќаме идеологии кои се борат за наше исчезнување.

Или да почекаме нашиве фашисти да бидат поканети на следниот конгрес на Фашистичката Интернационала па да се отрезнат.

Ај дури не се вратат од таму нека си ја пеат Ерика. Ќе ги потпричекаме , та нели сме демократи.

Одговорот зошто Рудолф Хес беше држан во доживотен затвор е соодржан во колумната. Одговорите нема да ги добиете на интернет. На интернет нема ни да дознаете ни на која религија и припаѓал Адолф Хитлер. Затоа мислете повеќе , палете се помалку , за здравјето на Македонија и Македонците се работи. Пред се.

Даме Чкатровски

Би можело да ве интересира

Груевски да биде изолиран, а не државата

Ана Ололовска

Третманот на прашањето за изградбата на гасоводот „Јужен тек“ во македонските медиуми

Ана Ололовска

Новинарска лекција: РЕПОРТАЖА

Ана Ололовска

Може ли да се украдат 200.000 гласови и зошто?

Ана Ололовска

Костова: Никола твојата последна битка за опстанок на ФОКУС е наш императив!

Ана Ололовска

Кога новинарите не прашуваат, лагата многу лесно станува вистина

Ана Ололовска