Фармацевтскиот факултет и Шангајскиот Институт за Материја Медика ќе потпишат меморандум за соработка

Од:

Меморандум за соработка денеска во Скопје ќе потпишат Фармацевтскиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј и Шангајскиот Институт за Материја Медика при Кинеската академија на науките.

Потпишувањето на меморандумот е резултат на претходно воспоставената двегодишна проектна соработка помеѓу двете инстутуции и е чекор понапред во планирање и реализирање на поширока соработка на Фармацевтскиот факултет од Скопје со Шангајскиот институт за Материја Медика на полето на природните производи.

На потпишувањето на меморандумот ќе се обратат деканот на Факултетот, проф. д-р Светлана Кулеванова, ректорот на Универзитетот, проф. д-р Никола Јанкуловски и претставници од Кинеската академија на науките, проф. Јанг Је и проф. Јинг Ванг.

Би можело да ве интересира

Нема недостиг на лекови, тврдат од „Пфајзер“ и од „Мерк“

А1он

Успешен прв квартал за производителот на ботоксот

Ана Ололовска

Се намалуваат цените на лековите

Ана Ололовска

Одбележување на Светскиот ден на фармацевтите-25 Септември

Ана Ололовска

Голем раст на производство на лекови во Кина

Емир Латифовиќ

Фармацевтите ќе можат да комуницираат со глуви и наглуви лица

Ана Ололовска