А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Фајон: Уставните измени се одговорност кон граѓаните и се неопходни државата да оди напред

by А1он03/12/2023 - 09:46746
Share0

Годинава е исклучително важна за проширувањето. Ги повикувам сите политички актери, одговорни актери, политички партии да вложат напор за уставните промени пред се’ во интерес на граѓаните. Тоа е одговорност кон луѓето, и сега е нужно итно државата да напредува и геостратешка можност e до крајот на 2030 година да направиме скок, да ја поврземе Европа и Северна Македонија да стане членка на Европската Унија, вели словенечката вицепремиерката и министерка за надворешни работи и европски прашања Тања Фајон.

Добивај вести на вибер

-Вистина е дека, државата загуби многу драгоцено време и жал ми е бидејќи патот на Северна Македонија би бил побрз кога не би биле, како што споменавте внатре политичките интереси на Бугарија, претходно и Грција, што значи дека патот на Северна Македонија е трнлив и пред се’ болен. Уставните промени се клучни пред се’ за еден оптимизам и поддршка на политиката и разбирање на граѓаните дека се работи за една заедничка европска иднина, која ќе обезбеди мир, безбедност и достоинство во животот на вашите граѓани, вели Фајон во интервјуто за МИА.

Шефицата на словенечката дипломатија вели дека е клучно Северна Македонија и Албанија со нова меѓувладина конференција да ги отворат и започнат конкретно преговорите.

-Не сакам да зборувам за одвојување на двете држави, останувам силно посветена на тоа, дека Северна Македонија ќе продолжи по патот на реформите, децидна е Фајон.

tanja fajon

Би можело да ве интересира

Наташа Пирц Мусар и Тања Фајон не се добредојдени во Република Српска

Горан Наумовски12/09/2025 - 14:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен