На годишнината од терористичките напади во САД, Европскиот парламент во името на почитувањето на основните човекови права, побара европските земји членки на ЕУ да ги расветлат сомневањата за илегалните активности на ЦИА на европска територија, а во Резолуцијата подготвена од француската европратеничка Елен Флотр се бара од Македонија, да утврди кои се лицата одговорни за грабнувањето на Калед ел Масри и да ги принуди истите да одговараат за нивните дела.
Калед ел Масри бил грабнат поради грешка за неговиот идентитет, по што бил затворен и изложен на наводна тортура.
Европскиот парламент жали и за отсуството на акција од страна на јавното обвинителство во Скопје, околу жалбата на Ел Масри. Европратениците сметаат дека овај случај треба да се најде и на дневниот ред на Европската комисија, директно поврзани со кандидатурата на Македонија за членство во Европската унија.